Жена болна од рак се задуши во пожар во зграда во Аеродром

1 min read

Скопската Противпожарна бригада вечерва изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.

Командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне. Дел од медиумите пренесуваат информација дека жената била болна од рак, а за утре имала закажана операција. 

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на  М.Ш.(1955) која била во станот и починала.

-Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција, велат за МИА од МВР.

Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Jелена Kарлеуша најави еден куп новитети: Овој фустан го дизајнирав сама!

Следно

Британците го предупредуваат Путин да не ја напаѓа Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian