Вучиќ ја објави одлуката за повлекување на Законот за експропријација

1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја објави одлуката за повлекување на измените на Законот за експропријација во Собранието.

„Сметам дека изгласаните измени не го регулираат соодветно подрачјето на експропријацијата“ е воведната реченица во која претседателот на Србија во три страни го објаснува својот став за спорниот закон.

Тој вели дека иако во случајот станува збор за јавен интерес, државата мора да води сметка за тоа дека секое ограничување на правата, какво што е правото на сопственост, може да се спроведе само на начин на којшто се почитува правото на сопственикот на фер и правична постапка, со која се штити суштината на загарантираното право. Во таа насока, Вучиќ вели дека особено треба да се преиспитаат роковите во постапката.

Српската Влада ќе направи анализа дали се неопходни измени на Законот за експропријација, а доколку тоа се утврди таква потреба тие ќе бидат направени со широка јавна расправа во која ќе бидат вклучени стручната јавност, стручните здруженија, претставници на стопанството и граѓанскиот сектор.

Претходно, Вучиќ најави дека јавната дебата може да трае до шест месеци и дека треба да се постигне широк општествен консензус за тоа прашање.

Незадоволни од предложените измени на Законот за експропријација и Законот за референдум, илјадници граѓани два викенда по ред ги блокираа главните сообраќајници во Белград и десетици српски градови, барајќи законите да се повлечат од собраниска процедура.

Српското собрание утре ќе расправа за за измените на Законот за референдум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хамилтон во Абу Даби може да биде рекордер по бројот на Ф1 титули

Следно

„And Just Like That“ ја имаше својата премиера: Сара Џесика Паркер блесна, серијата доби одлични критики и дознавме: каде ја снема Саманта?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian