ВИДЕО: Виљареал е последниот учесник во нокаут-фазата од Лигата на шампионите

1 min read

Фудбалерите на Виљареал вечерва ја совладаа Аталанта во последниот одложен натпревар (поради снежните услови) од групната фаза во Лигата на шампионите со резултат 3:2.

На тој начин шпанскиот клуб е последниот патник во осминафиналето на ова елитно клупско натпреварување, како второпласиран од групата „Ф“.

На стадионот во Бергамо водеа гостите со головите на Данжума во третата и Капуе во 42 минута од средбата.

Данжума на стартот од вториот дел по вторпат се запиша во листата на стрелците, а домаќините до крајот на мечот успеаја само да го ублажаст поразот преку Малиновски и Запата.

На конечната табела во групата „Ф“ првото место го освои Манчестер јунајтед со 11 бодови и заедно со Виљареал (10) ќе играат во нокаут-фазата на ЛШ.

Аталанта како третопласирана со шест бодови ќе продолжи во Лига Европа, а последен со пет бодови меѓународниот настап го заврши Јанг Бојс.

Жрепката за осминафиналните двојки во ЛШ ќе се одржи во понеделник, во групата на носители се Манчестер сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн, Манчестер јунајтед, Лил и Јувентус.

Во групата на неносители се ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал, Салцбург и Челси.

Како третопласирани од групната фаза во ЛШ во нокаут-фазата на Лига Европа се селат Лајпциг, Порто, Борусија Дортмунд, Шериф Тираспол на македонскиот репрезентативец Бобан Николов, Барселона, Аталанта, Севиља и Зенит.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби за инцидентите на стадионите: МВР и ФФМ да реагираат, насилството мора да запре

Следно

Шмит: Подготвен сум законот на Инцко за негирање на геноцидот да биде заменет со друг усвоен од Парламентот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian