Никола Јокиќ го одигра досега најдобриот натпревар оваа сезова, во триумфот на Денвер на гостувањето кај Њу Орлеанс со 120:114 по едно одиграно продолжение.
Српскиот интернационалец за 37 минути на паркетот постигна рекорд на сезоната од 39 поени со импресивни 17/23 од игра.
Најкорисниот играч (МВП) од минатата година имаше и по 11 скокови и асистенции за негов вкупно 61. „трипл-дабл“ во кариерата.
На спротивната страна за Пеликанси најефикасен беше Јонас Валанчиунас со 27 поени и 11 скокови.
НБА лига, резултати –
Шарлот – Филаделфија 106:110
Кливленд – Чикаго 115:92
Детроит – Вашингтон 116:119 (по 1. продолжение)
Индијана – Њујорк 122:102
Мајами – Милвоки 113:104
Торонто – Оклахома Сити 109:110
Хјустон – Бруклин 114:104
Мемфис – Далас 96:104
Минесота – Јута 104:136
Њу Орлеанс – Денвер 114:120 (по 1. продолжение)
Голден Стејт – Портланд 104:94
Сакраменто – Орландо 142:130
ЛА Клиперс – Бостон 114:111