ВИДЕО | Калиопи со емотивна објава: „Растеш и го пронаоѓаш внатрешното дете во себе, прекрасен процес…“

1 min read

Нашата поп дива Калиопи редовно споделува фотографии од своите настапи во регионот, но знае да изненади и со емотивни објави кои најчесто им ги посветува на своите блиски, но и на фановите.

На вчерашната објава на нејзиниот инстаграм-профил, Калиопи сподели видео направено од нејзин голем фан, во кое буквално се опфатени сите важни мигови од почетокот на нејзината музичка кариера до денес.

Таа во прилог на видеото напиша:

„ Се сеќавам на зборовите на мајка ми… „Дете, мораш да одлучиш која страст ќе ја одбереш, не можеш да правиш сѐ одеднаш…“

Се трансформирав од дете, во девојка, од девојка во жена… Публиката што ме памти, ме поздравува со возбуда… Како и да е, некои нешта создаваат магија и едноставно се случуваат. Растеш и го пронаоѓаш внатрешното дете во себе, прекрасен процес… Ти благодарам за видеото“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Под видеото, безброј нејзини пријатели и колеги коментираа со љубов и поддршка за нејзината објава и емотивноста со која таа го пренесе своето долгогодишно искуство како музичарка.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Коалиционите партнери во Бугарија согласни: Одиме кон стабилна влада

Следно

Повеќе од 16 диви депонии расчистени во Гази Баба, почнати се капитални проекти, вели Стефковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian