ВИДЕО | Изберете совршен новогодишен подарок во 5 до 12: За неа, за него, родителите, пријателите…

3 mins read

Декември е месецот во кој сите ние масовно купуваме новогодишни и божиќни подароци за најблиските и најсаканите. Одеднаш се губат старосните граници и сите други бариери, бидејќи не постои човек на кој не му заигрува насмевка на лицето кога ќе го види своето име испишано на шарена украсна хартија.

Неважно е како ќе ги завиткате вашите новогодишни подароци бидејќи самиот чин на подарување е доволен да ја подигне атмосферата, но сепак, ви станува потопло на срцето кога ќе сфатите дека некој се потрудил специјално за вас.

Дали ви ја погодиле вашата омилена боја, парче накит кој го посакувате веќе извесно време или пак, некој внимателно ги слушал вашите скриени желби… Сепак, и на највнимателните им треба помош, па дури и Дедо Мраз има помошници.

Совршен подарок за мајка, сестра, сопруга, девојка. Она што е сигурно е дека жените едноставно ја обожаваат модата, а подновувањето на гардеробата е вистински предизвик во зима, затоа купете некој подарок кој ќе ја загрее и душата и телото. Ароматично масло, мирислив путер или светкаво млеко за тело, удобни чизми со крзно, грејачи за раце и нозе или пак, уникатен модел на чанта се вистински подарок за сите дами во овие студени зимски денови. Секако тука се и неизбежните додатоци како убав и дезениран шал, шапка или пак, елегантен и гламурозен накит кој ќе и даде една празнична нота за претстојните празници. Секако,мажот никогаш нема да погреши ако на саканата ѝподари парче убав накит или убава долна облека.

За момчето, таткото, синот и најдобриот пријател. Покласични подароци се сигурен избор за подарок за машкиот пол. Квалитетен паричник кој долго и секојдневно ќе го потсеќа на моментот и на вашето внимание. Секогаш потребни за зимскиот период, убави кожни машки ракавици или ракавици кои се со активни „touch“ прсти за екрани чувствителни на допир. Секако оние што се љубители на зимските спортови може да ги израдувате со викенд во некој ски-центар каде може заедно да уживате во зимските лудории и во спа-третманите. Ваучери за спа-третман и за масажа е непогрешлив избор за подарок со саканата личност.

За најмладите момчиња и девојчиња. Веројатно децата во вашето опкружување и семејство имаат премногу играчки. И тоа имаат најмногу играчки со кои не си играат туку кои стојат по ќошињата и собираат прашина. Затоа време е да ги воодушевите најмладите, а себеси и ним да им го олесните нивното растење. Решение за тоа се оние играчки кои се корисни за децата како сложувалките, лего коцките, таблички за цртање, боенки, музички инструмент-играчка или игри кои ја развиват моториката и креативноста на децата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курти: Доколку НАТО побара, ќе испратиме војници во Украина

Следно

Платил 450.000 долари за да стане сосед на Снуп Дог во виртуелниот свет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian