ВИДЕО: Елмас постигна и втор гол, а неговиот тренер Спалети го исполни ветувањето

1 min read

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети беше задоволен од победата над Лестер од 3:2 и секако од пласманот на неговиот клуб во 1/16 финалето на Лига Европа.

„Наполитанците“ со нетрпение ја чекаат жрепката за плеј-оф паровите во нокаут-фазата која ќе се одржи в понеделник од 13.00 часот во Нион.

Во групата на носители (второпласираните од групната фаза на ЛЕ) се Бетис, Брага, Динамо Загреб, Лацио, Наполи, Олимпијакос, Ренџерс и Реал Сосиедад.

Во групата на неносители (третопласираните од групната фаза на ЛШ) се Аталанта, Барселона, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Порто, Севиља, Шериф Тираспол и Зенит.

Спалети го коментираше настапот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и изјавата на играчот дека не е сигурен која е неговата природна позиција.

– Елмас пред сè е прекрасен млад човек, но може и да се прилагоди во која било улога. Кога се мачите во текот на натпреварот, тука е Елмас да го поставиме како што треба и тој ќе ве израдува.

Тој беше разочаран од нешто на полувремето што не помина како што треба, па му реков дека доколку постигне гол, ќе се фрлам на теренот во знак на славење. Се држев до последниот судиски свиреж, но потоа го направив тоа – рече Спалети по мечот со Лестер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петнаесет земји од ЕУ ќе примат 40.000 Авганистанци

Следно

Српските активисти ги продолжуваат блокадите: Да се избрише проектот за рудник на Рио Тинто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian