Сојузниците во шок, Бајден направил отстапки во корист на Путин?

3 mins read

Американскиот претседател Џо Бајден направил значајна дипломатска отстапка во корист на Москва со цел да се спречи руската инвазија на Украина.

Според „Фајненшл тајмс“, тој сигнализирал дека сака средби меѓу сојузниците на НАТО и Русија за да се разговара за поплаките кои ги има Владимир Путин на однесувањето на трансатлантскиот безбедносен сојуз.

Мапа на Украина и Русија/ Фото Profimedia

Два дена по одржувањето на билатералната средба со рускиот лидер преку видео-врска, американскиот претседател рече дека се надева дека до крајот на неделава ќе договори разговори на највисоко ниво, на кои „ќе се разговара за иднината на прашањата што ја засегаат Русија од однесувањето на НАТО“.

Разговорите имаат за цел да истражат „дали можеме или не да направиме нешто за да ја „намалиме температурата“ и тензиите долж источниот фронт“, додаде Бајден.

русија тенкови EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Американскиот претседател рече дека се надева дека покрај Вашингтон и Москва меѓу учесниците на разговорите , ќе бидат и „најмалку четворица главни сојузници во НАТО“. Сепак, тој одби да каже кои земји.

На разговорите со Бајден Путин повторил дека стравува дека Украина ќе влезе во НАТО, што, како што рече, „несомнено ќе биде придружено со распоредување на воени контингенти, бази и оружје што преставуваат закана за безбедноста на Русија.

„Се надеваме дека овојпат ќе се земе предвид нашата загриженост“, рече рускиот претседател.

Путин рече дека споменувањето на инвазијата е „провокација“, но не ја исклучи експлицитно таквата воена активност, нагласувајќи дека Русија „има право да ја заштити својата безбедност на среден и долг рок“.

Русија денеска објави дека започнала редовни зимски воени вежби во нејзиниот Јужен воен округ, што делумно се граничи со Украина./ Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Висок функционер на НАТО за Фајненшл тајмс изјави дека „во никој случај не смее да се дозволи дебата за гаранциите во контекст на европската безбедност“. Секој разговор за компромис со Москва „мора веднаш да се прекине во коренот“, рече неименуван висок функционер, додавајќи дека најмалку шест членки на Европската унија го делат тој став.

Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Иако високиот претставник на администрацијата на Бајден претходно неделава ги прогласи разговорите за „црвените линии“ за бескорисни, администрацијата на Бајден сака да го следи патот за да го одврати Путин од инвазијата на Украина. Бајден во средата ја отфрли едностраната употреба на сила во конфликтот со Русија и рече дека ќе има „тешки последици“ доколку Путин го интензивира конфликтот во Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дац и Александар се кумови, а Цветин здравичар на претстојното одбележување на Бадник во Скопје

Следно

Шекеринска – Де Ла Круз: Северна Македонија целосно се приклучи во НАТО воздушното патролирање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian