Петнаесет земји од ЕУ ќе примат 40.000 Авганистанци

1 min read

Петнаесет земји од Европската унија се обврзаа да примат 40.000 Авганистанци, објави денеска еврокомесарката Илва Јохансон по состанокот на министрите за внатрешни работи на Унијата во Брисел.

„Можам да објавам денеска дека 15 земји-членки ветија дека ќе понудат заштита за 40.000 Авганистанци“, рече Јохансон, комесар за внатрешни работи на ЕУ, на прес-конференција, поздравувајќи го „импресивниот чин на солидарност“.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци во октомври процени дека околу 85.000 Авганистанци ќе мора да се преселат од земјите околу Авганистан каде што нашле засолниште во други земји во следните пет години и ги повика земјите од ЕУ да прифатат половина од тој број.

Европската комисија веднаш не го прецизираше периодот во кој ќе се случат овие трансфери.

Германија ќе го прифати најголемиот контингент авганистански бегалци (25.000). Франција вети дека ќе преземе 2.500 Авганистанци, покрај 5.000 бегалци од друга националност, според документот што го видела агенцијата Франс прес.

Холандија ќе прими 3.159 Авганистанци и 1.915 бегалци од други земји, Шпанија 2.500 и 1.200, а Шведска 1.500 и 4.200. Земјите-членки на ЕУ веќе евакуираа околу 28.000 луѓе од Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во средината на август, соопшти Европската комисија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Прозборе за прв пат по „Astroworld“: Тревис Скот тврди дека не знаел за сериозноста на ситуацијата

Следно

ВИДЕО: Елмас постигна и втор гол, а неговиот тренер Спалети го исполни ветувањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian