Џонсон го доби своето седмо дете

1 min read

Борис и Кери Џонсон објавија дека добиле ќерка, нивно второ дете откако тој стана премиер.

„Премиерот и г-ѓа Џонсон се многу среќни да го објават раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон порано денеска“, рече неговата портпаролка во четвртокот.

– И мајката и ќерката се добро. Двојката сака да му се заблагодари на брилијантното породилиште NHS за сета грижа и поддршка – додаде таа.

Девојчето е седмо дете на премиерот, што тој го потврди дури во септември по многу шпекулации за тоа колку деца има 57-годишниот.

Тој има четири деца со поранешната сопруга Марина Вилер, едно дете родено во 2009 година како резултат на афера со уметничкиот консултант Хелен Мекинтајр и две деца со неговата сегашна сопруга.

Кери Џонсон (33) објави дека е бремена со нивното второ дете во јули оваа година.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Платил 450.000 долари за да стане сосед на Снуп Дог во виртуелниот свет

Следно

Тешко повреден работник при увид на градежен лифт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian