Како што информираат италијанските медиуми, денеска се очекува тамошната фудбалска федерација да го објави градот во кој ќе се игра бараж натпреварот, полуфиналето следната година на 24 март за пласман на Светското првенство помеѓу Италија и Македонија.
Според „Гаѕета дело Спорт“, Палермо се одвојува како голем кандидат да го организира мечот, доколку на последната проверка во Барбера одговорот биде позитивен.
Доколку федерацијата е задоволна од увидот на Барбера, главниот град на Сицилија ќе биде домаќин.
Нашите противници велат дека резултатите биле добри во Палермо, во 2019 година во квалификациите за ЕП 2022 Италијанците со 9:1 во Палермо декласираа Ерменија, претходно во квалификациите за СП 2018 беа подобри од Албанија (2:0), па во квалификациите за ЕП 2016 со 1:0 ја совладаа Бугарија, како и Азербејџан (2:1)…
Како втора најдобра опција за одржување на овој важен меч, се одвојува Болоња. Во овој град годинава во пријателски натпревар со 4:0 Италија ја совлада Чешка.