Идеални подароци за секој хороскопски знак: Нема да ги разочарате!

8 mins read

Не сте сигурни што да им подарите на вашите најблиски? Овенот сака практични подароци поврзани со нивната работа, Близнаците сакаат да добијат нешто персонализирано, а Лавовите се воодушевуваат од елегантна козметика…

Познатиот астролог Сузан Милер откри кои подароци најмногу ќе го развеселат секој хороскопски знак, пренесува „Glamour“.

„Секој знак има одредени преференции и омилени активности. Кога купувате подароци врз основа на нечиј хороскопски знак, можете да ги задоволите тие преференции и да поклоните нешто што навистина го сакаат“, вели Милер.

via GIPHY

 

Најдобрите подароци за Овенот

Со Овенот владее бестрашната и активна планета Марс, што ја објаснува нивната авантуристичка и натпреварувачка природа. Милер го нарекува Овенот „претприемач“, додавајќи дека „тие секогаш сакаат да победуваат и да го прават најдоброто што можат“. Ако сакате да го израдувате Овенот, дајте му „убава блуза, соодветна за работата или додатоци за домашна канцеларија“, вели таа. Овните, исто така, сакаат подароци фокусирани на фитнес, како паметен часовник, кои можат да им се допаднат на нивните конкурентни и вредни личности.

КАКО ДА ГИ НАТЕРАТЕ ДА ВЕ ЗАБЕЛЕЖАТ? Вака советува хороскопот

Најдобрите подароци за Бикот

Со знакот Бик владее Венера, планетата на убавината и љубовта. Како такви, „тие се многу сензуални и секогаш го ценат допирот на село, дури и ако живеат во град“, вели Милер. „Бикот сака цвеќиња, можете да му набавите букет, домашно растение или можеби дури и да се консултирате со градинар“, вели Милер и додава „врвен парфем, ден во некој спа центар, или некоја мека бањарка би било хит подарок за нив“.

via GIPHY

 

Најдобрите подароци за Близнаци

Со Близнаците владее Меркур, планетата на комуникацијата и интелектот. Не е изненадувачки, што Близнаците најмногу сакаат „пенкало и хартија“. „Тие би сакале добро пенкало или персонализиран прибор за пишување“, објаснува тој.

Близнаците најчесто се и незаситни читатели кои сакаат да патуваат и да го истражуваат светот околу нив, така што „добрата книга би била совршен подарок за нив“.

ПАРИЧЕН ХОРОСКОП: На овие знаци им се наклонети планетите

Најдобрите подароци за Рак

„Со припадниците на овој хороскопски знак управува Месечината, која владее со домот и се што е поврзано со него. Тие сакаат да готват и би ценеле нова тава или подарок картичка за продавници за подобрување на домот“, вели таа. Раковите се исто така многу посветени на семејството и би уживале во семеен албум.

via GIPHY

 

Најдобрите подароци за Лавот

Со Лавот сака внимание и со него управува Сонцето или „центарот на универзумот.

„Сакаат да се дотеруваат и да привлекуваат внимание со својот изглед. Ќе се воодушеват со некое парче од нивниот омилен моден дизајнер, шише шампањ или елегантни козметички производи“, објаснува Милер.

АСТРО ПРОГНОЗА: Овие три хороскопски знаци ги очекува подобрување во љубовните врски

Најдобрите подароци за Девица

Со припадниците на овој хороскопски знак владее Меркур, планетата на комуникацијата. „Девиците секогаш размислуваат за нешто, па затоа книга со загатки за возрасни би била убав подарок“, вели Милер. Како земјен знак, Девиците сакаат сè што е природно и втемелено.

„Тие би ценеле некоја органска козметика или активност што можат да ја прават со своите раце, како курс за готвење“, вели таа.

via GIPHY

Најдобрите подароци за Вагите

Како Бикот, и со Вагата владее сензуалната Венера.

„За Вагите сè е во меката, природната убавина, тие би сакале да добијат некоја свилена блуза или постелнина“, вели Сузан. „Вагите ги ценат сите убави нешта и би сакале убави обетки или некое уметничко дело“, додава астрологот.

Доколку сте во можност, Милер препорачува некоја музичка услуга бидејќи како што вели, многу Ваги го посветуваат својот живот на уметноста или музиката.

ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈСКРЖЛИВИ: Имаат „змија во џеб“

Најдобрите подароци за Скорпија

Скорпиите можат да бидат мистериозни и длабоки, што има смисла бидејќи со нив владее Плутон, планетата на страста и волјата, како и авантуристичкиот Марс.

„Скорпиите сакаат убава долна облека. Жената Скорпија носи и многу црно и кожа, би сакала висококвалитетна кожна чанта или убава јакна“, објаснува таа. Скорпиите се исто така одлични индивидуалци и би ценеле персонализиран подарок, како на пример ѓердан со привезок во знакот Скорпија.

via GIPHY

 

Најдобрите подароци за Стрелец

Со Стрелците владее Јупитер, планетата на позитивноста и оптимизмот. Стрелците често се нарекуваат „светски патници на Зодијакот“.

„Можете да ги израдувате со некоја квалитетна патна торба или персонализирана футрола за пасош. Што се однесува до облека, овој знак претпочита практична, удобна облека, како добри фармерки или класична маица“, открива Милер.

АКО СТЕ РОДЕНИ НА ЕДЕН ОД ОВИЕ 3 ДАТУМИ: Вие сте предодредени за големи нешта во животот

Најдобрите подароци за Јарец

Практични и амбициозни, Јарците се управувани од Сатурн, планетата на дисциплината и зачувувањето.

„Јарците сакаат работи од историска вредност. Тие би ценеле винтиџ брош или сентиментален подарок во форма на семејно наследство како обетки на прабаба или ракавици од тантела. Подарок картичка за локален музеј или книга од нивниот омилен писател би било исто толку одличен поклон“, објаснува астрологот.

via GIPHY

 

Најдобрите подароци за Водолија

Под владеење на футуристичката планета Уран, припадниците на овој знак се ексцентрични, бунтовни и прогресивни. Ја ценат технологијата и длабоко се грижат за планетата.

„Водолијата е најсреќна во продавница за технологија. Сакаат електроника, па би можеле да им поклоните нов мобилен телефон или паметен часовник, графичка картичка или надворешен диск. Тие би сакале и пропусница за планетариумот“, вели Милер.

Водолиите исто така можат да бидат чувствителни на потребите на другите луѓе, а многумина се приклучуваат на хуманитарни организации. Размислете за воспоставување хуманитарен проект во нивно име, додава астрологот.

ЗНАЦИ НА ЗОДИЈАКОТ НА КОИ ХРАБРОСТА НЕ ИМ Е СИЛНА СТРАНА: Дали сте меѓу нив?

Најдобрите подароци за Рибите

Со Рибите владеат планетите Нептун и Јупитер кои претставуваат имагинација, односно оптимизам. Овој воден знак ја фаворизира грижата за себе и затоа, како што вели Милер „би ценел подароци како бомба за капење, меки папучи и убави чаршафи“, вели Милер.

„Покреативните и поемотивните Риби би сакале и поетска книга, убава книга со фотографии или билети за некој нов филм“, откри таа.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шмит: Подготвен сум законот на Инцко за негирање на геноцидот да биде заменет со друг усвоен од Парламентот

Следно

Арсовска најави намалување на цената на паркингот во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian