Хамилтон во Абу Даби може да биде рекордер по бројот на Ф1 титули

1 min read

Луис Хамилтон, актуелниот светски шампион во Формула 1, зборуваше на многу теми во пресрет на последната трка претстојниот викенд во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Британецот е оптимист пред последната Ф1 трка сезонава, кај возачите во генералниот пласман заедно со Макс Ферстапен имаат по 369,5 поени, додека кај конструкторите водечкиот „Мерцедес“ има 587,5 поени, пред второпласираниот „Ред Бул Рејсинг-Хонда“ со 559,5.

Хамилтон в недела има шанса да стане рекордер по бројот на шампионски титули во Формула 1, моментно е израмнет на врвот на вечната листа со легендарниот Михаел Шумахер со по седум титули.

– Во годината што ја имавме, сигурен сум дека имаше многу луѓе кои нè отпишаа и не веруваа дека на крајот ќе бидеме толку блиску. Неверојатен напор на сите во тимот на „Мерцедес“. Никој досега нема освоено осум титули, се сеќавам на мојата прва, тоа беше вистински рингишпил од емоции!

Сè што можам да направам е да ја контролирам ситуацијата на патеката и како се справувам со тоа. Јас сум тука за да ја завршам работата како што треба. Не ни помислувавме дека на последната трка ќе бидеме рамо до рамо. Одиме со полна пареа и со ист фокус. Не ја насочуваме нашата енергија кон нешто што не можеме да го контролираме – вели Хамилтон.

Големата награда на Абу Даби во Формула 1 до 2030 година

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здравство ги повлече предложените законски измени околу трансплантациите

Следно

Вучиќ ја објави одлуката за повлекување на Законот за експропријација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian