Груби за инцидентите на стадионите: МВР и ФФМ да реагираат, насилството мора да запре

2 mins read

Првиот вицепремиер Артан Груби порача дека треба да запрат насилството и инцидентите на спортските терени. Груби, кој и самиот бил присутен на вчерашниот неколкупати прекинуван натпревар меѓу Шкупи и Шкендија во Чаир,за Алсат вели дека надлежните институции мора да реагираат.

Два инцидента се случија вчера на стадионот во Чаир, кога на теренот беа фрлени пиротехнички средства, а потоа и тврди предмети, лименки и пластични шишиња. Потоа интервенираше полицијата кои при напуштањето на теренот, ги спроведе фудбалерите на Шкендија до соблекувалните. Од тетовскиот клуб велат дека биле гаѓани со секакви предмети, а нивните играчи биле под постојани притисоци и закани за физичката безбедност.

„Со големо жалење ги следев сцените вчера на стадионот во Чаир и сцените на натпреварот на стадионот во Тетово меѓу двата клуба, Шкендија и Шкупи. Навреди од двете страни, некогаш таму, а некогаш тука. Треба да се казнат. Не е добро, но тоа е прашање на органите на Фудбалската федерација. Треба да ги преземат вистинските чекори, но и Министерството за внатрешни работи, за да се избегнат инциденти на спортските натпревари.“

За инцидентите реагираа и повеќе политички партии. ВМРО-ДПМНЕ оцени дека МВР не прави доволно, а Алијанса за Албанците бара ваквите инциденти да се регулираат со соодветен закон и сторителите да бидат казнувани.

„Факт е дека инцидентите на спортските натпревари и говорот на омраза на спортските натпревари е загрижувачки. Тоа се случува постојано и никој никогаш не е казнет. Мислам дека тоа е прашање што треба да се реши со добар закон за да не ни се случуваат слични работи во иднина,“ велат од АА.

Вакви инциденти на спортски настани беа доста чести и во минатото. Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортските натпревари постои од 2004 година и досега неколкупати беше изменуван и дополнуван.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Една жртва во пожар во седиште на туниска партија

Следно

ВИДЕО: Виљареал е последниот учесник во нокаут-фазата од Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian