Кога сме млади, нашата кожа е многу мека, растеглива и сјајна. Со возраста побрзо ја губи еластичноста, а потоа се појавуваат брчки.
Малите брчки, кои се појавуваат околу очите, некои ги прифаќаат како природен процес на стареење, но многу жени се трудат да го продолжат и зачуваат младешкиот изглед на кожата.
За жал, креми против стареење не постојат, но постојат многу висококвалитетни козметички производи кои ја негуваат и интензивно ја хидрираат кожата, што го забавува процесот на стареење, а со тоа го спречува создавањето на нови и ги намалува постоечките брчки.
Денеска ви нудиме природна алтернатива на толку скапи производи во форма на домашна крема, која се покажала како многу ефикасна за нега на пределот околу очите, но и за целата кожа на лицето.
Крем против брчки:
За подготовка на овој крем ќе ви требаат само 1/5 лажичка кокосово масло и 2-3 капки есенцијално масло од темјан.
Едноставно измешајте ги двете масла и нанесете, со лесни движења на чиста и сува површина околу очите.
Кремот се нанесува 2 часа пред спиење. Не се плакне. Овој крем ќе послужи како прекрасен еликсир за тенката кожа околу очите.
Секако, кремата можете да ја користите за цело лице и деколте. Можете да направите поголема количина и да ја чувате во помала стаклена тегла. Многумина од вас веќе знаат за придобивките од кокосовото масло. Ова масло е навистина непроценливо за нега на кожата.
А есенцијалното масло од темјан е високо ценето во козметиката поради неговото регенеративно дејство на кожата, природниот ефект на лифтинг и корекција на брчките.
Инаку, има сладок, топол и длабок мирис кој го подобрува расположението и опушта. Исто така ја намалува анксиозноста, депресијата, нервната напнатост, главоболките, несоницата.
ИЗВОР: lokalno.mk