Ескобар посетата на Тирана ја заврши со средбата со премиерот Рама

1 min read

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, денешната посета на Тирана ја заврши вечерва со едночасовната средба со премиерот Еди Рама.

Во врска со пораките кои ги донел во Албанија, преку соопштение информираше американската амбасада, во кое се наведува дека „фокусот на САД бил ставен на борбата против корупцијата и неказнивоста”.

-За време на неговите средби, заменик-помошникот секретар Ескобар ѝ се заблагодари на Албанија за силното партнерство со САД и ја потврди силната поддршка на САД за членството на Албанија во ЕУ. Ескобар го истакна фокусот на САД на борбата против корупцијата, неказнивоста и напорите за поткопување на демократијата на Западен Балкан, стои во соопштението.

Се додава дека го поздравил натамошното зајакнување на односите меѓу САД и Албанија, одбранбена соработка како сојузници на НАТО и создавањето повеќе можности за трговија и инвестиции.

-Ескобар, исто така, ја поздрави заедничката работа меѓу Соединетите Држави и Албанија на регионалната и глобалната интеграција – особено кога двете земји ќе служат во Советот за безбедност на ОН во 2022 година, се наведува во соопштението објавено на официјалната страна на амбасадата на Фејсбук.

Во рамки на неговата прва официјална посета на Тирана, Ескобар се сретна и со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, како и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Македонија во Палермо ќе игра против Италија во баражот за СП 2022

Следно

Готвиме со Филипинката Кристи: Новогодишен рецепт што носи среќа и долг живот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian