Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во пожар што денеска избувна во седиштето на туниската партија Енахда во главниот град на Тунис, соопшти Канцеларијата за цивилна заштита.
Партијата навела дека е убиен еден нејзин член, не наведувајќи детали, пренесе Ројтерс.
Двајца високи членови на партијата се повредени во пожарот, меѓу кои и нејзиниот лидер и поранешен премиер Али Лараџед, кој скокна од прозорец на вториот кат, изјавија неименувани сведоци.
Припадниците на Канцеларијата за цивилна заштита на Тунис ги спасиле членовите на партијата кои се нашле на лице место.
Засега не е наведена причината за пожарот, но еден член на партијата за Ројтерс изјавил дека пожарот е последица на краток спој во главната сала за состаноци.
Некои други членови на партијата рекоа дека пожарот го предизвикал маж кој се самозапалил, без да дадат детали за неговиот идентитет.