Дневен хороскоп за 9 декември: Ќе му кажете збогум на минатото и со полно срце ќе се свртите кон иднината!

5 mins read
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 9 декември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска:

Овен

Се наоѓате во интровертна фаза на развој. Содржините на потсвеста ви ја преплавиле свеста и разни „чуда“ се појавуваат на светлината на денот. Со задоволство би избегале од ситуацијата во која се наоѓате. Можеби тоа е она што се обидувате да го направите. Молкот сега не е продуктивен. Проговорете на јазикот на вистината.

Бик

На деловно поле, си играте и се забавувате повеќе отколку што правите нешто конкретно. Слободно и во мир размислувате за вашите деловни соништа и идеали. Но, од друга страна, расеаноста, раздразливоста и несигурноста се основните карактеристики на вашето однесување. Денес на сето ова ќе додадете уште и агресија!

Близнаци

Во врска со саканата личност, повеќе нема да има празни приказни, туку само вие двајца ќе бидете свртени еден кон друг. Тоа уште повеќе ќе ја зацврстви вашата врска. На деловно поле, коцките се редат токму како што вие посакувате. Ќе добиете невидливи крилја и ќе полетате високо на секое поле.

Рак

Денес ќе бидете опсипани со покани за конструктивни дружења. Но, денот има само 24 часа, па ќе мора да одложите многу од нив. Подгответе се за дружење кое ќе ве исполнува, а и за нови познанства. Секако дека ќе имате поголем успех ако вашата работа подразбира контакти и односи со луѓе.

Лав

Можеби апсолутно ништо не се случува околу вас, но вие ќе се чувствуате толку сигурно тука каде што сте. Носталгијата која веќе долго време ја чувствувате, од денес ќе исчезне. Ќе му кажете збогум на минатото, и со полно срце ќе се свртите кон иднината! Тоа ќе ве облие со топлина и љубов која одамна не сте ја почувствувале.

Девица

Ѕвездите ви се наклонети и ви нудат можност љубовната врска да ја кренете на повисоко ниво. Ден кој треба да го поминете заедно со саканата личност, да уживате во заедничките мигови, без непотребни прашања и барања. Едноставно поделете сѐ што е убаво. Уживајте максимално во тоа, бидејќи тие моменти се многу ретки.

Вага

Ќе чувствувате некоја таинственост во љубовта. Без разлика дали се плашите од одредена врска, мистеријата ќе биде посебно нагласена. Време е да ги споделите своите чувства на искрен и топол начин. Би можеле сами да ја направите посебна атмосферата кога ќе се состанете со саканата личност.

Скорпија

Секое страдање што ви се случувало изминатиот период, веќе е зад вас. Најдобро е денот да го поминете во друштво на луѓето кои ги сакате. Ви се отвораат вратите на нови, убави случувања. Не ги затворајте со вашето неповерливо однесување. Понекогаш малите работи многу повеќе значат во животот од големите.

Стрелец

Пред вас е ден кога треба да уживате и да се одморите од претходните турбулентни денови. Излезете, особено со некој кој ви е многу важен. Можно е да сте го заборавиле во последно време. Денес посветете се на својата сакана личност со цело срце и душа – дајте ѝ го најдобриот дел од себе и ќе го добиете најдоброто за возврат.

Јарец

Денот има потенцијал да биде совршен ако ги преиспитате своите чувства кон саканата личност и сфатите дека можеби не треба да брзате со донесувањето сериозни одлучи и чекори. Чувствата може да осцилираат, но вие секако ќе успеете да пронајдете нешто што ќе ве насочи кон вистинскиот пат.

Водолија

Станувате сѐ повеќе сигурни во врската. Ова е ден кога треба да причекате слатките мали работи да се случуваат со редослед, едно по друго, осврнете се на минатото и потоа свртете се кон иднината. На тој начин ќе можете да утврдите дали и колку имате заеднички желби и цели со саканата личност.

Риби

Ќе бидете во можност да ги здружите сите успеси на љубовен план, кои сте ги оствариле изминатите недели. Ќе „пукате“ од екстра енергија, а со тоа пријатно ќе ја изненадите саканата личност. Ќе воспоставите вистинска хармонија. Можеби на почетокот нема да дојде до голем излив на страст, но ќе ви биде убаво.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Расправата за буџетот во турскиот Парламент заврши со тепачка меѓу пратениците

Следно

Бездомник запали новогодишна елка во Њујорк (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian