Деспотовски: Ќе воведеме систем на одговорност за функционерите

1 min read

Тројцата кандидати на СДСМ и денеска продолжија со презентирање на програмата пред внатрепартиските избори закажани за во недела.

Вечерва, кандидатот за наследник на Зоран Заев на чело на СДСМ, Јован Деспотовски, во просториите на „Аудиокултура“ ја претстави својата програма насловена „Концепт – 28“ и го повика членството да го поддржи.

Деспотовски најави систем на одговорност за функционерите, додавајќи дека неговиот фокус е врз начинот на којшто ќе се работи, а не на личностите.

„Се фокусираме на тоа како наместо кој. Се фокусираме на тоа каков профил на човек за претседател на Влада ни треба. Не јас, не кадровско решение, туку каков. Има многу луѓе кои даваат свои предлози кои можат да се вклопат во тој профил“, рече Деспотовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Путин: Конфликтот во источна Украина е како геноцид

Следно

Прва лига: Феникс 2010 непријатно го изненади шампионот МЗТ Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian