Британците го предупредуваат Путин да не ја напаѓа Украина

2 mins read

Британскиот министер за одбрана Бен Валас го повикал рускиот претседател Владимир Путин да се откаже од притисокот врз Украина и предупреди дека Русија ќе се соочи со долгорочни последици доколку го нападне својот сосед.

„Сите руски акции насочени кон загрозување на суверенитетот на Украина ќе имаат не само тешки, туку и долгорочни последици за Русија“, рече Валас. Тој рече дека ваквите потези на Русија би можеле да бидат поттик за крвава граѓанска војна на работ на Европа.

„Сакам само да размисли за неговите потези. Мислам дека Русија не е подготвена за последиците. Не сакам да се случи граѓанска војна на работ на Европа“, рече тој.

Американските разузнавачки служби проценуваат дека е можно Русија да планира да ја нападне Украина од неколку правци со дури 175.000 војници веќе следната година. Кремљ ги негира плановите за напад и додава дека Западот е зафатен од русофобија. Тие велат дека проширувањето на НАТО е во спротивност со ветувањата дадени во 1991 година по распадот на Советскиот Сојуз и и` се заканува на Русија.

Валас смета дека рускиот наратив за опкружувањето со НАТО е бесмислица.

„Само 6 отсто од копнената граница на Русија се граничи со земјите на НАТО. Не би рекол дека ова може да се нарече вистинска закана. НАТО е одбранбен сојуз, стои во нашите основачки договори. Целта на постоењето на НАТО е да ги брани своите членки во случај тие се нападнати“, рече британскиот министер и заклучи дека одлуката за влез во НАТО ја носат суверени држави и самите членки на НАТО, а не Русија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жена болна од рак се задуши во пожар во зграда во Аеродром

Следно

Жално е што Бугарија ја злоупотребува својата позиција во ЕУ, вели Славјанка Петровска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian