Борис Џонсон по седми пат стана татко

1 min read

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Џонсон го објавија раѓањето на нивното второ дете. Парот сега доби и девојче, пренесува Sky News.

„Премиерот и г-ѓа Џонсон со задоволство го објавуваат раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон“, се вели во соопштението на портпаролката на двојката.

„И мајката и ќерката се многу добро. Двојката сака да му се заблагодари на породилиштето за сета грижа и поддршка“, додаде таа.

Девојчето е седмо дете на премиерот, што тој го потврди дури во септември по многу шпекулации за тоа колку деца има.

Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, едно дете од аферата со Хелен Мекинтајр, а со сегашната сопруга има две деца, пренесува Sky News.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Марихуана пронајдена кај 18-годишна девојка во Аеродром

Следно

Математиката вели – нè очекува пеколно дерби во осминафиналето на Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian