„And Just Like That“ ја имаше својата премиера: Сара Џесика Паркер блесна, серијата доби одлични критики и дознавме: каде ја снема Саманта?

4 mins read

Ова е ново поглавје за „Сексот и градот“… и официјално го започна своето ново патешествие, во нови децении и со нови генерациски подвизи со премиерата на „And Just Like That“ вчеравечер, на која ѕвездите Сара Џесика Паркер, Кристен Дејвис и Синтија Никсон блеснаа секоја во свој сјај, а воведната епизода во серијата наиде на одлични критики.

Шарлот е посветена мајка, Миранда се „бори“ со сексуално-активниот син, а Кери… Кери навлегува во животот на дигитални состаноци, но сега веќе без нејзината публицистка – Саманта.

И додека нетрпеливо очекуваме да го загриземе нашето „залче“ од новиот период од животот на омилените ликови, вчеравечер можевме барем да уживаме гледајќи ги ѕвездите од легендарниот филмски серијал „Сексот и градот“ како испарадираа и искрено се дружеа на премиерата на претстојната серија „And Just Like That“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista Sarah (@revistasarah)

Водечката Сара Џесика Паркер на црвениот килим ги доведе својот сопруг Метју Бродерик и нивниот најстар син, 19-годишниот Џејмс Вилки Бродерик, додека таа го реинвентираше изгледот на Диор фустанот во кој се појави во 2004 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolyn Dunn (@csdunn75)

Во деконструиран Оскар Де Ла Рента корсетно свилен сив фустан, со процеп од кој извираше розев тул, спарен со соодветна нежна наметка,  Фред Лејтон накит и чевли од нејзината „SJP“ колекција, Паркер ја реоживеа Кери Бредшо која се појави во слично издание кон крајот на епската 6-та сезона на серијата која го размрда секојдневието на жените во нивните 30-ти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolyn Dunn (@csdunn75)

На премиерата во совршено свој стил се појавија и Синтија Никсон, која носеше интензивно портокалов Кристијан Џон Роџерс блок фустан со обложени копчиња и забавна јака, спарени со истобојни чизми и Бушерон обетки, совршено канализирајќи ја најсоодветната боја на Миранда, и Кристен Дејвис, која износе темно син Џејсон Ву кастомизиран коктел фустан, спарен со Тајлер Елис клач и Фред Лејтон накит, кој ја портретираше нежноста на Шарлот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Highbrow Hippie (@highbrowhippie)

Но, каде е Саманта?

Новата, прва епизода од „And Just Like That“ веднаш раскажува зошто нема да ја гледаме Саманта како дел од женската пријателска екипа.

Во првите две минути од премиерата, Кери, Миранда и Шарлот разговараат со долгогодишната пријателка Битси Фон Мафлинг во ресторан, која ги прашува девојките каде е Саманта.

Дамите имаат потреба од незгодно долго време обидувајќи се да го објаснат отсуството на Саманта, при што Миранда објаснува дека Саманта не е мртва пред да скокне Кери и да каже дека Саманта е во Лондон.

„Таа се пресели во Обединетото Кралство… поради работа“, додава Миранда.

Подоцна во епизодата, додека Кери и Миранда разговараат, Кери вели дека поради тоа како оди бизнисот со книги, не можела да ја задржи Саманта како нејзин публицист.

„Таа рече добро, а потоа ме отпушти како пријателка“, вели Кери.

Миранда застанува во одбрана на Саманта, велејќи дека нејзината „гордост е нарушена“, но Кери сè уште е повредена што Саманта никогаш не ѝ се јавила и се вработила во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolyn Dunn (@csdunn75)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ ја објави одлуката за повлекување на Законот за експропријација

Следно

Обвинител бара од Трамп да сведочи во истрагата на неговата компанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian