Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар

1 min read

Ракометарите на Вардар годината во Лигата на шампионите ја завршија со пораз на гостувањето кај ППД Загреб од 23:22 и ова е седма нула по ред за „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

Со поразот Вардар падна на седмото место во групата А, додека ППД Загреб сега е шести со бод повеќе.
Техничките грешки повторно беа кобни за вардарци, смета тренерот Веселин Вујовиќ кој на прес-конференцијата по натпреварот рече и дека неговите играчи загубија добиен натпревар.

– Загубивме добиен натпревар, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е така, дали е тоа една голема тензија, и тоа е за подлабока анализа. За седум дена чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на Загреб му посакувам се најдобро – изјави Вујовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Потребен е личен пример, имам визија и план за заеднички да се вратиме на победничките патеки

Следно

ВИДЕО: Српски актери предизвикаа шок во студиото на државната РТС – ги повикаа сите на протести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian