Втор земјотрес во близина на брегот на Орегон во САД

1 min read

Втор земјотрес за 24 часа е регистриран во близина на брегот на Орегон, со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот се наоѓа на 434 километри западно од Њупорт, каде живеат повеќе од 10.000 луѓе. Потресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Американскиот национален центар за предупредување од цунами не се огласи за евентуална тревога..

Претходно, според американските геолози, во областа беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој е виновен за вчерашниот неколкучасовен сообраќаен хаос во Скопје?

Следно

Тренд на намалување на новозаболени од ковид-19 во земјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian