ВИДЕО: Пред точно 30 години Панчев и Најдовски станаа светски шампиони со Црвена звезда

1 min read

Пред точно 30 години, Црвена звезда за која тогаш настапуваа и легендите на македонскиот фудбал, Дарко Панчев и Илија Најдоски, стана светски клупски шампион.

На 8 декември 1991 година на Националниот стадион во Јокохама, во 30 финале на Интерконтиненталкиот Куп, Црвена звезда со 3:0 го совлада чилеанскиот Коло Коло.

„Црвено-белите“ поведоа со голот на Владимир Југовиќ во 19 минута, а во финишот од првиот дел останаа без Дејан Савичевиќ кој доби црвен картон.

Но и со играч помалку Црвена звезда доминираше на теренот и во 58 минута Југовиќ зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во 72 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Битола се дислоцира пунктот за вакцинација за заштита од ковид и сезонски грип

Следно

ФОТО | Несекојдневен гест: Убавата Црногорка се откажала од свадбата, а парите им ги дала на сиромашните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian