ВИДЕО: Некој ја потпали божиќната елка пред седиштето на „Фокс њуз“

1 min read

17-метарската божиќна елка која беше накитена пред неколку дена и поставена пред седиштето на американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ во Њујорк, вчеравечер целосно изгорела, а полицијата уапсила човек кој е осомничен дека ја потпалил, пишува „Њујорк тајмс“.

Елката беше церемонијално осветлена во директен преност на „Фокс“ во неделата, а една од презентерките на телевизијата извести за пожарот за време на програма во живо.

„Ова е плоштадот „Фокс“, пред седиштето на „Фокс њуз“,“ им соопшти на гледачите Шенон Брим, нешто пред полноќ по локално време.

„Се чини дека нашата џиновска божиќна елка, пред само неколку минути, целосно е обвиена во пламен“, рече таа.

Њујоршката полиција соопшти дека еден човек е уапсен под сомнение дека го предизвикал пожарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Прогласен најдобриот бар на светот – во него можете да си нарачате коктел од 1.800 денари

Следно

Софија: Нема промена на ставот кон С. Македонија, Албанија може да ги почне преговорите со ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian