ВИДЕО: Лејкерси го добија дуелот на најтрофејните екипи во НБА, Далас прокоцка водство до 17 поени

2 mins read

ЛА Лејкерс го одигра најдобриот натпревар сезонава и со 117:102 го совлада големиот ривал Бостон селтикс.

По два порази по ред во НБА класикот со Бостон, Лејкерси овој пат релативно лесно го совладаа големиот ривал. Кошаркарите на Бостон беа конкурентни само во првото полувреме по кое имаа само пет поени негатива (60:55), но се беше решено во третата четвртина кога „езерцата“ направија 19 поени разлика (89:70). Предводник на Лејкерси беше Леброн Џејмс со 30 поени, Расел Вестбрук имаше 24 поени и 11 асистенции, а Ентони Дејвис имаше 17 поени и 16 скокови.
Кај Бостон најрасположен за игра беше Џејсон Тејтум со 34 постигнати поени.

Кошаркарите на Далас маверикс го доживеаја и третиот пораз по ред и петти во низа на домашен терен, откако загубија од Бруклин нетс со 102:99. На Далас не му помога ни тоа што имаше предност од 17 поени во третата четвртина. Одлучувачките поени ги постигна Кевин Дурент во последната минута, а Лука Дончиќ го промаши шутот за три поени со кој ќе го однесеше натпреварот во продолжение. По офанзивниот скок не погоди ниту Тим Хардавеј јуниор.

Главна причина за поразот на Далас е катастрофалниот шут за три поени, кошаркарите на домашниот тим примашија дури 37 од вкупно 46 шута.
Иако промаши осум шута за три поени, Дончиќ беше најпрецизен кај Далас со 28 поени, а Кристап Порзингис постигна 17 поени и имаше 12 скокови. Кај Бруклин, Кевин Дурент постигна 24, а Џејмс Харден имаше учинок од 23 поени и 12 асистенции.

Сан Антонио спарс само една четвртина му беше рамноправен противник на Њујорк никс кој на крајот славеше со 121:109. „Мамузите“ последен пат имаа предност во финишот од првата четвртина (24:25), а потоа доминираа играчите на Њујорк, кои во текот на целото второ полувреме имаа двоцифрена предност.
Ар Џеј Берет беше најдобар кај Њујорк со 32 поени, додека Бурк постигна 18. Кај Сан Антонио, најрасположен за игра бепе Вајт со 26 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Децата инфицирани со омикрон страдаат од невообичаен осип

Следно

Затворен весникот „Труд“, министерот за култура на Бугарија ќе дава отчет пред Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian