Актерот Алек Болдвин во понеделникот вечер е снимен пред куќата на режисерот Вуди Ален на Менхетн во Њујорк, каде вербално се судрил со Џон Левин, новинарот на „Њујорк пост“.
„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк?“, го прашал репортерот холивудски актер, на што сопругата на Болдвин, Хиларија, го замолила да си замине. Кога новинарот одбил, Болдвин видно изнервиран се свртел и се стрчал кон него.
„Не можете да фотографирате пред нечија приватна куќа!“, извикал Болдвин, гестикулирајќи со раката во која го држел чадорот и обидувајќи се да го оттргне Левин назад на тротоарот.
NEW … I ran into Alec Baldwin on the Upper East Side pic.twitter.com/8pG5Vpshw2
— Jon Levine (@LevineJonathan) December 7, 2021
Хиларија, очигледно загрижена дека кавгата може да прерасне во физичка пресметка, го фатила сопругот и го задржала на место додека тој конечно не се свртел и не се вратил на влезната врата од куќата на Ален.
„Но, ова не е… Ова е јавна сопственост!“, возвратил Левин, додека Хиларила постојано му повторувала: „Оди си, престани!“ Во исто време таа енергично мавтала со мобилниот телефон со кој најверојатно го снимала новинарот, пишува „Дејли мејл“.
„Дали навистина не го повлече чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали навистина станува збор за дефект?“ – Левин не се откажувал од прашањата за несреќата на сетот на филмот „Рѓа“, во кој Болдвин случно ја усмрти снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Суза.
Но, Болдвин не му одговорил, откако вратата од куќата се отворила, тој ја повикал Хиларија да влезе.
Да потсетиме, Алек Болдвин минатата недела го даде првото интервју по трагедијата на сетот на филмот „Рѓа“.
Извор: www.slobodenpecat.mk