ВИДЕО | Готвиме со Маја: Крофни и панцероти

3 mins read

За денес нашата позната готвачка Маја ни подготви рецепти за вкусни блага и солена закуска, кои совршено ќе ни го надополнат денот. Погледнете ја Маја како подготвува крофни и панцероти.

Крофни

200 мл млеко

50 г путер

1 јајце

1 жолчка

1 Долчела сув квасец

1 лажица шеќер

Малку сол

Неколку капки алкохолен оцет

50 мл сончогледово масло

600 г брашно

Масло за пржење

  1. Во сад ставете млако млеко и во него додадете го омекнатиот путер (на собна температура).
  2. Додадете едно цело јајце и една жолчка а потоа ставете го сувиот квасец и соединете убаво.
  3. Ставете го шеќерот и солта и додадете малку алкохолен оцет и маслото.
  4. На крајот додавајте го постепено брашното и замесете меко тесто.
  5. Оставете го покриено да стасува околу 1 час а потоа размесете го и со помош на сукало развлечете кора со дебелина од 1 сантиметар. Посипете со брашно доколку е потребно при развлекувањето.
  6. Со помош на чаша или кружен калап извадете форми на крофни.
  7. Оставете ги покриени да нараснат околу половина час а потоа пржете ги во длабоко врело масло. се пржат по неколку минути од двете страни се додека не заруменат.
  8. На крајот послужете ги со шеќер во прав, наполнете ги со крем или џем со помош на шприц или прелијте ги со чоколаден Лино крем.

Совет: за да пораснат при пржењето, секогаш пржете ги со страната која била одозгора додека стасувале.

готвиме со маја крофни
Фото: Промо

Панцероти

270 мл кисела вода

1 јајце

4 лажици масло

1 лажичка шеќер

1 лажичка путер

Сол

1 Долчела квасец

600 г брашно

1 жолчка

 

  1. Помешајте ги во сад киселата вода, јајцето, маслото, шеќерот, квасецот и додадете сол.
  2. Потоа постепено додавајте го брашното и замесете меко тесто и оставете го да стаса околу 1 час.
  3. Стасаното тесто формирајте го во правоаголна форма и поделете го на 8 топчиња.
  4. Од секое топче со сукало формирајте круг и премачкајте го со подготвениот сос.
  5. Ставете мисиркина шунка и рендан кашкавал.
  6. Затворете ја панцеротата а краевите направете ги како венец за убаво да се затвори.
  7. Премачкајте ги одозгора со жолчка и попрскајте со сусам.
  8. Панцеротите средете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 200 степени. Се печат околу 20 минути.
готвиме со маја панцероти
Фото: Промо

Полнење

1 шише Подравка пасата

1 лажичка Вегета Натур

1/2 лажичка Вегета Маестро лук

1/2 лажичка Вегета Маестро оригано

1/2 лажичка Вегета Маестро босилек

1 чешне лук

Маслиново масло

200 г мешан кашкавал

200 г Перутнина Птуј мисиркино филе

 

  1. Пасатата ставете ја во сад и зачинете ја со Вегета, лук, оригано и босилек.
  2. Ставете малку маслиново масло и убаво соединете.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Затворен весникот „Труд“, министерот за култура на Бугарија ќе дава отчет пред Собранието

Следно

Карди Би се пофали со достигнувањето на нејзиниот 3-месечен син: Можеби има супермоќи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian