ВИДЕО: Деспотовски одговара на прашања од пријатели

1 min read

Кандидатот за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, објави видео на кое тој одговара прашања кои му ги поставуваат пријатели, како дел од претставувањето на неговата кандидатура за претседател на владејачката партија.

„Сакајќи да направиме едно понетипично претставување, замолив неколкумина пријатели да ми постават што поинтересни прашања без разлика на тоа какви или на која тема се“, вели Деспотовски во описот на видеото.

Меѓу прашањата кои ги одговара Деспотовски, има такви за неговите противкандидати, за партијата, но и за неговиот приватен живот.

За функцијата претседател на СДСМ, на вонредните партиски избори во недела, покрај Деспотовски, ќе се борат и Димитар Ковачевски и Фросина Ташевска-Ременски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Апокалипса“ во Русија – виулица со ветришта од 100 километри на час беснее низ Сибир

Следно

Вардар продолжува да тоне, во Загреб го загуби и седмиот натпревар по ред во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian