ВИДЕО: „Апокалипса“ во Русија – виулица со ветришта од 100 километри на час беснее низ Сибир

1 min read

Невообичаено студено и врнежливо време деновиве зафати делови од Сибир, а најлошо беше во индустрискиот град Норилск, во кој имаше страотна виулица со ветришта од над 100 километри на час.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како целиот град е завеан во снег, а силниот ветер оневозможува воопшто да се стои на отворен простор.

Норилск, кој има околу 220.000 жители и заедно со Јакутск е единствениот голем град во Арктичкиот Круг, е комплетно завеан. Во изминатиот ден, врз градот паднале 40 отсто од просечните месечни врнежи од снег за декември. Градските служби едвај успеваат да стигнат да ги исчистат главните улици во градот, јавуваат локалните медиуми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Зрнце по зрнце до совршенство: Софија Лепојевиќ создава ремек дела со монистра

Следно

ВИДЕО: Деспотовски одговара на прашања од пријатели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian