СП во ракомет: Хрватска со пресврт до победа, лесни триумфи на Бразил и Германија

1 min read

Женската ракометна репрезентација на Хрватска во првото коло од втората главна фаза на Светското првенство кое се игра во Шпанија, оствари значајна победа над Аргентина од 28:22 со која ги задржа шансите за нокаут фазата.

Хрватските ракометарки иако не настапија во најсилниот состав, по тешка борба и со пресврт успеаја да дојдат до победата. По првиот дел, Аргентина водеше до 12:14, но во второто полувреме, „коцкестите“ одиграа далеку подобро, го добија со 16:8 и дојдоа до голема победа.

Стела Посавец со осум гола беше најпрецизна кај Хрвстака, додека кај Аргентина се истакна Малена Чаво со пет постигнати голови.

Фаворитите Бразил и Германија со победа ги започнаа настапите во главната рунда. Бразил со 38:31 ја совлада Австрија. Клучен момент за победата на Бразилките беше второто полувреме кое го добија со 23:16. Ана Паула Родригез Бело со шест гола беше најпрецизна во редовите на Бразил, додека кај Австрија се истакна Патриција Ковач која даде осум гола.

Германија без проблеми го совлада Конго со 29:18, а победникот беше познат уште по првото полувреме кое фаворитот го доби со 15:8.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Беса транс“ организира нови тури за Истанбул, инспекторите уште не направиле надзор

Следно

Вашингтон стави на „црна листа“ контроверзни косовски бизнисмени блиски со српските власти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian