Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Една година од првата вакцина против ковид во Велика Британија

Следно

Ридигер на маса има четири понуди, една е од најголемиот ривал на Челси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian