Софија: Нема промена на ставот кон С. Македонија, Албанија може да ги почне преговорите со ЕУ

1 min read

Бугарија нема да го промени ставот за почеток на преговорите за членство во Европската унија на Република Македонија, соопшти преодната влада на земјата за БГНЕС.

Министерскиот совет појаснува дека „Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Република Албанија, како и на Рамковниот Став за европската перспектива Република Северна Македонија и Албанија, усвоен од Советот на министри на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година“.

Според најавите, овој став на Бугарија ќе се брани за време на состанокот на Советот за општи работи (СО), што ќе се одржи на 14 декември во Брисел.

„За Бугарија, основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат останува одлучувачки. Бугарија верува дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, стои во ставот на бугарската влада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Некој ја потпали божиќната елка пред седиштето на „Фокс њуз“

Следно

Конте потврди дека короната направи хаос во Тотенхем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian