Ридигер на маса има четири понуди, една е од најголемиот ривал на Челси

2 mins read

Антонио Ридигер ја одби и последната понуда на Челси за продолжување на договорот и на лето ќе си замине како слободен играч во еден од четирите тима кои веќе го контактираа.

Англиските медиуми тврдат дека агентите на Ридигер веќе воспоставиле контакти со заинтересираните екипи, а интересно е што последната четврта екипа која е заинтересирана за него е Манчестер јунајтед.

Со доаѓањето на Ралф Рангник на клупата на Челсим се очекува да се променат многу работи, и во управата се надеваат дека Германецот ќе успее да го наговори својот сонародник да се пресели на „Олд трафорд“.

Освен, Манчестер јунајтед, уште три екипи ги контактирале претставниците на Ридигер, тоа се Тотенхем, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во Ридигер го гледа наследникот на Серхио Рамос кој изминатото лето по 16 години си замина од „Сантијаго Бернабеу“. Баерн пак бара наследник на Николас Зиле кој најави заминување на крајот од сезоната.

Тотенхем е аутсајдер во трката по потписот со Ридигер, но работите може да се сменат набрзо бидејќи на негов ангажман инситира Антонио Конте. Токму Конте го донесе Ридигер во Челси од Рома и двајцата имаат посебен однос поради што нема да биде изненадување доколку Германецот со согласи да потпише за Тотенхем. Доколку евентуално се случи Ридигер да потпише за Тотенхем, ќе им зарие нож во грбот на навивачите на Челси, бидејќи токму овој клуб е најголем ривал на „сините“.

Според англиските медиуми, засега во трката по потписот со Антонио Ридигер води Реал Мадрид, но предупредуваат дека нема да биде изненадување доколку германскиот репрезентативец избере некоја од другите три опции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Следно

Весела Чернева: Доделувањето средства за Бугарија, согласно планот за закрепнување, не треба да се поврзува со односите со Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian