Поопасен од другите или не? Овие шест работи мора да ги знаете за сојот омикрон

3 mins read

Новата варијанта на SARS-CoV-2 вирусот, наречена омикрон, се смета за потенцијално поопасна бидејќи има речиси двојно повеќе мутации од делта варијантата, предупредуваат експертите.

Факт е дека варијантата омикрон на коронавирусот има неколку мутации кои можат да влијаат на однесувањето на вирусот, како на пример колку брзо тој ќе се шири и колку опасни последици може да предизвика.

ШТО ДО ДЕНЕС СЕ ЗНАЕ ЗА СОЈОТ ОМИКРОН?
Научниците од Јужна Африка, но и оние ширум светот, спроведуваат студии за подобро да ги разберат сите аспекти на сојот омикрон и своите сознанија ќе ги споделат јавно, кога ќе станат достапни.

1. Пренос: Не е целосно јасно дали оваа варијанта на вирусот се шири побрзо од лице на лице, ако ја споредиме со претходните варијанти, како што е сојот делта сојот. Бројот на позитивни случаи е зголемен во некои подрачја на Јужна Африка, но епидемиолозите и нивните студии сѐ уште се обидуваат са сфатат дали причината е омикрон или некои други фактори.

2. Сериозност на болеста: Не е сосема јасно дали инфекцијата со омикрон предизвикува посериозен исход од болеста за разлика од претходните варијанти, па и делта. Прелиминарните податоци покажуваат дека е зголемен бројот на хоспитализации во Јужна Африка, но тоа може да биде последица и на целокупниот број на лица кои се заразени, отколку резултат на специфичните инфекции со омикрон. Во моментов не постојат информации кои упатуваат на тоа дека симптомите на болеста се разликуваат ако е во прашање оваа варијанта на вирусот. Според првите пријавени случаи, може да се заклучи дека младите лица имаат благи симптоми, но за тие комплетно да се разберат, потребно е да се почека неколку недели. Сите варијанти на вирусот може да предизвикаат сериозни последици и смрт, а особено кај ранливите категории.

3. Колку штити прележаната инфекција: Прелиминарните докази велат дека можеби постои зголемена шанса за повторна инфекција кога се работи за овој сој, ако се спореди со претходните варијанти, но нема доволно информации. И за нив е потребно да се почека неколку недели.

4. Ефикасност на вакцините: Светската здравствена организација (СЗО) во соработка со технолошките стручњаци вредно работи за да го открие влијанието на оваа варијанта на стекнатиот имунитет или на имунитетот стекнат со вакцинација. Вакцината и понатаму останува најважна за да се спречат последиците од сериозна болест ковид-19 или од смрт, па и за оваа варијанта. Достапните вакцини штитат од потешка форма на болеста.

5. Точност на достапните тестови: Како и кај другите варијанти, така и кај омикрон, тестовите ја детектираат инфекцијата. Траат испитувањата за да се открие дали дошло до какви било промени поради новата варијанта на вирусот.

6. Колку е ефикасно лекувањето: Кортикостероидите и IL6 блокаторите ќе продолжат да бидат корисни во лекувањето на пациентите со тешки симптоми на болеста, а другите третмани ќе се проценуваат – дали делуваат и кога е во прашање варијантата омикрон.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Романскиот суд го рехабилитираше Адријан Настасе

Следно

Децата инфицирани со омикрон страдаат од невообичаен осип

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian