Натпреварот помеѓу Тотенхем и Рен од последното коло во групата Г во Лигата на конференции кој требаше да се игра утре, е одложен поради бројните случаи на позитивни на коронавирус во англискиот тим.
Менаџерот на Тотенхем, денеска потврди дека има 13 позитивни на ковид-19, од кои осум се фудбалери, а пет се членови на клупскиот персонал и поради тоа немал доволно фудбалери на располагање.
Според правилата на УЕФА, за да се одигра натпреварот потребно е екипата да има 13 фудбалери на располагање од кои еден мора да биде голман. Но, по долго тактизирање, УЕФА одлучи да го одложи натпреварот, а новиот термин ќе биде дополнително објавен.