Ник Кенон за девојката Алиса по смртта на нивниот син: „Најсилната жена што сум ја видел“ (ВИДЕО)

1 min read

Водителот Ник Кенон во својата вчерашна емисија објави дека неговиот петмесечен син Зен починал од тумор. Во објавата тој се осврна и на мајката на Зен, Алиса Скот и како таа се справила со ситуацијата.

„Мајката на Зен, Алиса беше најсилната жена што некогаш сум ја видел. Никогаш не се скарала, никогаш не се лутела. Беше емотивна кога требаше да биде, но секогаш беше најдобра мајка и продолжува да биде таква“, изјави Ник за неговата партнерка.

Потсетуваме, Ник низ солзи на публиката раскажа што се случило:

„Забележав дека често кашла и сакав да проверам. Кога имаше два месеци сфативме дека тешко дише и главата му е голема и го однесовме на лекар поради проблеми со синусите и дишењето. Мислевме дека ќе биди рутински преглед“, рече Ник.

Набрзо откриле дека Зен има течност во главата и дека се работи за малигнен тумор. Неговата состојба набрзо се влошила, а неговото семејство поминало време со него минатиот викенд за да се збогува.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Карди Би се пофали со достигнувањето на нејзиниот 3-месечен син: Можеби има супермоќи

Следно

Социјалдемократот Олаф Шолц стана нов канцелар на Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian