Конте потврди дека короната направи хаос во Тотенхем

1 min read

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, денеска потврди дека осум фудбалери и пет члена на клупскиот персонал се позитивни на коронавирус.

Уште од вчера беше познато дека има неколку позитивни на ковид-19 во Тотенхем, а денеска менаџерот потврди дека бројката на заразени изнесува дури 13 лица.

– Секој ден имаме се повеќе позитивни. Сите сме малку исплашени, сите имаме семејства. Моето прашање е зошто мораме да се бидеме во вака ризична ситуација. Денеска двајца, утре кој? Јас? Подобро јас да бидам позитивен отколку некој фудбалер, но мислам дека не е во ред ниту еден да биде позитивен. Сите ние бевме во контакт со семејствата – изјави Конте.

И покрај големиот број на позитивни случаи во клубот, Конте вели дека засега тие планираат да го играат утрешниот натпревар против Рен во Лигата на Европа. Според правилата на УЕФА, за да се одигра натпреварот, екипата мора да има 13 фудбалери на располагање од кои најмалку еден мора да биде голман.

– Се подготвуваме за натпреварот против Рен, но навистина ни е тешко. Целата ситуација е вознемирувачка. Јас сум тука да зборувам за моите играчи, за атмосферата која сакам да ја видам на утрешниот натпревар, но наместо тоа, седиме и зборуваме за коронавирусот – додаде Конте.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Софија: Нема промена на ставот кон С. Македонија, Албанија може да ги почне преговорите со ЕУ

Следно

ВИДЕО: Вучиќ ја „замоли“ Владата да не го носи законот за експопријација, повика на јавна расправа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian