ФОТО+ВИДЕО Поранешниот сопруг на Мараја Кери доживеа трагедија: Почина син ми, имаше само пет месеци!

2 mins read

Водителот Ник Кенон вчера во својата емисија објави дека неговиот петмесечен Зен починал од тумор.

Кенон низ солзи на гледачите им раскажа како тој и неговото семејство дознале дека малиот се бори со хидроцефалус.

Како што им објаснил на гледачите, туморот на Зен почнал да се развива околу периодот на американскиот празник „Ден на благодарноста“, проблемите почнале кога бебето имало само два месеца.

„Забележав дека често кашла и сакав да проверам. Кога имаше два месеца сфативме дека тешко дише и дека главата му е голема, па го однесовме на лекар поради синусите и проблемите со дишењето. Мислевме дека тоа ќе биде рутински преглед“, рекол тој.

Семејството набрзо открило дека малиот Зен има течност во главата и дека се работи за малигнен тумор. Зен имал операција на мозокот, но неговата состојба се влошила.

„Туморот почнал да расте многу побрзо. И така знаевме дека е време…“ почнал тој пред да почне да се „дави“ во солзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BA (@newstoter)

„Овој викенд се обидов да го поминам најквалитетното време што можам да го поминам со Зен. Не знаев како ќе се справам со денешниот ден, но сакав само да тагувам со семејството”, рекол тој.

Кенон одлучил да одвои малку слободно време и емитувањето на неговото шоу накратко ќе биде прекинато.

Инаку, малиот Зен беше неговото седмо дете кое го доби во јуни со манекенката Алиса Скот.

Последните денови со синот, Кенон и семејството ги поминале во Калифорнија.

Водителот последен пат го држел својот син во прегратки на плажа во Калифорнија во неделата.

Инаку, Кенон има седум деца од четири различни жени. Со музичката дива Мараја Кери, со којашто беше во брак од 2008 до 2016 година, ги доби близнаците Морокан и Монро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алварез не дозволи Шкупи да го доживее првиот пораз на домашен терен 

Следно

Заев му честита на новиот германски канцелар Шолц: Верувам дека нашето партнерство ќе се засили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian