ФОТО | Несекојдневен гест: Убавата Црногорка се откажала од свадбата, а парите им ги дала на сиромашните

3 mins read

Лејла Ќоровиќ од Подгорица и нејзиниот сопруг, кои живеат и работат во Јужна Каролина, САД, парите наменети за нивната свадбена веселба ги поделиле на сиромашните семејства во нивната татковина. Лејла за сето тоа се огласила на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Corovic (@lejla_corovic)

„Како што одминуваше времето, така и ние размислувавме за тоа како, каде и кога да направиме свадба, што донекаде е и по обичај. Од друга страна, во текот на тој процес имавме можност да видиме некои семејства кои тешко чекорат низ животот поради невработеноста, вирусот и ненадејни загуби на членовите на семејството кои биле главен извор на приходот. На повеќето луѓе кризата несакано им се вовлече во домовите, а и зимата е тука…“, напишала Лејла.

Таа и нејзиниот сопруг, како што вели, сфатиле дека во Америка размислуваат за луксуз, додека некои луѓе во Црна Гора немаат пари за основни прехранбени производи. Сакала голема венчавка на брод, но се откажала од таквиот луксуз. Нејзиниот сопруг сакал само ручек со најблиските.

Лејла за „24sedam.rs“ раскажала дека нејзините роднини во татковината им помогнале парите да отидат во вистинските раце.

„Нашето семејство најмногу ни помогна со информациите за тоа кој тешко живее и кому му е потребна помош. Се трудеа директно да ги врачат парите на оној на којшто треба да бидат врачени. Гледавме тоа да бидат семејства кои имаат повеќе малолетни деца. Меѓу нив има и деца кои немаат еден или двајцата родители“, рекла Лејла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Corovic (@lejla_corovic)

„Срцето ми е полно и среќна сум што јас и мојот сопруг можеме да помогнеме. Навистина душата се храни кога им помагаме на другите. Со тоа и самите растеме”, заклучила таа.

Желба ѝ е таа и сопругот лично да ги посетаат семејстввата на кои помошта им е потребна.

Инаку, Лејла дипломирала на Факултетот за туризам во Подгорица. Потоа се преселила во Америка. Со својот сопруг денес води фирма која се занимава со реновирање и адаптација на куќи и други објекти и со нивна препродажба.

Лејла пред две години ја освоила титулата за најубава Европејка на изборот за Мис фешн глобал во Флорида. Исто така ја добила и титулата најубава девојка во Јужна Каролина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Corovic (@lejla_corovic)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пред точно 30 години Панчев и Најдовски станаа светски шампиони со Црвена звезда

Следно

Скопје го има најголемиот соборен храм на МПЦ кој го носи името на Свети Климент Охридски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian