Ќе се снима серија за приказната зад продукцијата на контроверзниот филм „Last Tango in Paris“

4 mins read

CBS Studios и Stampede Ventures ќе снимаат серија базирана на вистинската приказна зад продукцијата на контроверзната еротска драма на Бернардо Бертолучи „Last Tango in Paris“ од 1957 година, каде глумат Марлон Брандо и Марија Шнајдер.  

"Last Tango in Paris" /Twitter
“Last Tango in Paris” /Twitter

Снимањето на проектот ќе се одвива во Италија, Франција и САД, ќе биде во ко-режија на Лиза Брулман од „Killing Eve“ и Хозе Падила од „Narcos“, додека пак автори на сценариото се Џереми Милер и Даниел Кон, писателите на „Entourage“ и „Boston Public“.

Слично како проектот „The Offer“ на Paramount Television Studios, што ја раскажа контроверзната приказна на „The Godfather“, уште еден филм со Брандо, серијата на CBS Studios ќе постави важни прашања за уметничката амбиција, идентитет и слава.

Проектот ќе ги опфати осумнаесетте месеци пред, за време на и по продукцијата на филмот, а приказната ќе биде раскажана од перспектива на оние кои директно учествувале во настаните, Брандо, Шнајдер и Бертолучи. Серијата ќе започне прикажувајќи го пристигнувањето на Бертолучи во Лос Анџелес во 1971 година, со цел да го убеди Брандо, кој во тој момент се наоѓа во незавидна финансиска и ментална состојба, да учествува во неговиот нов филм.

"Last Tango in Paris" Movie Poster/Twitter
“Last Tango in Paris” Movie Poster/Twitter

Суровите тактики на Бертолучи и гнилото во филмската индустрија

За време на снимањето на филмот, Бертолучи користел сурови тактики за да долови реалистични реакции и емоции од актерите, по цена и нивната безбедност да биде ставена во опасност. По премиерата во 1973 година, филмот беше озогласен за секс сцените и третманот на тогаш 19-годишната актерка Шнајдер.  Во 2016 година, три години старо видео каде се слуша разговор помеѓу Бертолучи и Брандо, откри дека познатата сцена со сексуален напад воопшто не била во сценариото, додека пак Шнајдер воопшто не била ниту информирана дека ќе се снима. Во интервју во 2017 година, Шнајдер откри дека била присилена да ја сними сцената против своја волја, правејќи да се чувствува „понижено и малку силувано“.

Марлон Брандо, Бернардо Бертолучи и Марија Шнајдер/Twitter
Марлон Брандо, Бернардо Бертолучи и Марија Шнајдер/Twitter

Сепак, филмот заработи 186 милиони долари, трет странски филм со најголема заработка до сега, Брандо и Бертолучи добија признанија од критичарите и номинации за Оскар за најдобар актер и најдобар режисер, додека пак Шнајдер се соочи со исмејување за нејзината улога во филмот, проблеми со менталното здравје и паричен надомест за нејзината улога во износ од само 4.000 долари.

– Кога ми пријдоа со идејата за проектот, веднаш ме заинтересира шансата одблизу да погледнам еден од најголемите скандали во историјата на нашата индустрија – и покрај тоа што во тоа време не се третираше како таков. Можноста да се нурне во тој свет, во сите овие фасцинантни ликови, а особено можноста да ѝ се даде глас на Марија Шнајдер, е навистина возбудлива. – изјави Брулман во интервју за Deadline.

– „Last Tango in Paris “ раскажува приказната за двајца мажи кои злоставуваат млада и неискусна жена, не во името на сексот, туку „доброто на уметноста“. Тие го сторија тоа пред камера, а сцената го донесе на филмот пофалби од критичарите и од публиката. Режисерот и актерите уживаа во успехот, додека болката на Марија беше занемарена. – додава Падила.Возбуден сум што истражувам приказна за етиката на уметноста, важна, но често занемарена тема, во партнерство со режисерката Лиза Брулман.

Серијата се очекува да ја има својата премиера кон почетокот на 2022 година.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Далиќ останува селектор на Хрватска до 2024 година

Следно

ВИДЕО: Макрон ѝ се заблагодари на Меркел за соработката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian