Задолжителната вакцинација против коронавирус е апсолутно последна опција

1 min read

 Воведувањето задолжителна вакцинација против коронавирус е „апсолутна последна опција”, изјави денеска главниот европски функционер во Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге. 

Се повеќе европски земји, вклучително и Германија, дебатираат дали да воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19, откако Австрија во ноември објави дека ќе воведе задолжителна вакцинација на 1 февруари следната година, што предизвика големи протести во земјата. 

– Обврските за вакцинација се апсолутна последна опција и се применуваат само кога се исцрпени сите изводливи опции за зголемување на вакцинацијата, изјави генералниот директор на СЗО за Европа.

Според Клуге, ефективноста на обврската (вакцинацијата) е од многу специфичен контекст и  „треба да се земе предвид довербата на јавноста во владата”. 

– Она што е прифатливо за едно општество и заедница може да не биде ефективно и прифатливо во друго. Индонезија, Микронезија и Туркменистан, исто така, воведоа задолжителна вакцинација за сите возрасни лица, рече Клуге. 

СЗО, исто така, повика на поголема заштита на децата, во моментов најтешко погодените возрасни групи во Европа. 

– Употребата на маски и вентилација и редовното тестирање треба да биде стандард во основните училишта, а за вакцинацијата на децата треба да се разговара на национално ниворече Клуге.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Срушена дивоградба во Кисела Вода, градоначалникот порача дека законот важи за сите

Следно

ИЈЗ: Пад на бројот на новозаболени и на смртни случаи од ковид во изминатава недела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian