Во сабота во Србија повторно нови еколошки протести

2 mins read

Претставникот на иницијативата „Тргни – промени”, Саво Манојловиќ изјави денес на прес-конференција дека во сабота ќе продолжат еколошките протести низ Србија и повторно ја повика полицијата во соработка со граѓаните да ги обезбеди учесниците на тие собири, јави дописникот на МИА од Белград.

Манојловиќ кажа дека намерата на организаторите е да го зголеми бројот на блокади и ги повика граѓаните во што поголем број да излезат на протести.

Тој порача дека секој што ќе излезе на протест треба да знае дека самиот е одговорен за својата безбедност.

Тој кажа и дека не се точни наводите на „режимските медиуми” за тоа што се случи на протестите минатата сабота и ја обвини власта дека против граѓаните „испраќа навивачи”.

Протести во Србија/ Фото: Драган Мујан/ Нова.рс

Манојловиќ оцени дека повлекувањето на Законот за експропријација и измените на Законот за референдум и народна иницијатива се услов за прекин на протестот.

Тој нагласи и дека „протестите нема да престанат” доколку покрај Законот за експропријација не се подобрат и одредбите од Законот за референдум и народната иницијатива.

Тој наведе дека „ултимативно барање” е промена на одредбата за плаќање на таксата за народни иницијативи и прецизира дека вториот услов е поврзан со избирачките места.

Манојловиќ објасни дека во случај на референдум инициран со потписи на граѓаните во избирачките места кои ќе го контролираат гласањето, ќе бидат само партиски претставници.

Запрашан што ќе им порача на граѓаните пред референдумот на 16 јануари следната година, доколку не се смени законот, Манојловиќ кажа дека во тој случај нема да се занимава со референдумското прашање, туку дека ќе го „радикализира протестот”.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еурофарм Пелистер против Спортинг цели кон нови бодови во Лигата на Европа

Следно

ФОТО | Северина ја облече мајка си во крзно од глава до пети: Штиклите се вистински хит!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian