Вечерва се одиграа последните натпревари од групата „Д“ во Лигата на шампионите, Реал Мадрид го обезбеди првото место со триумфот над Интер (2:0), додека нерешено одиграа Шахтјор Доњецк и Шериф Тираспол (1:1).
„Кралевите“ со головите на Крос во 17 и Асенсио во 79 минута славеа против „нераѕурите“ во чии редови помеѓу двата погодоци црвен картон доби Барела (64`).
Играчите на Карло Анчелоти на конечната табела остварија пет победи со 15 бодови, пред Интер кој освои 10.
На третата позиција се најде Шериф Тираспол (седум бодови) кој својот меѓународен настап ќе го продолжи во Лига Европа, а на дното заврши Шахтјор со два бодови.
На денешниот дуел во Киев Украинците поведоа во 42 минута со голот на бразилскиот интернационалец Фернандо.
За молдавскиот претставник целото второ полувреме го одигра македонскиот репрезентативец Бобан Николов. Нашиот играч успеа во самиот финиш да го спаси својот клуб од пораз, односно во 93 минута ја затресе мрежата на Пјатов. ГОЛОТ НА НИКОЛОВ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ТУКА