ВИДЕО: Како ли само „бомбардира“ кралот – Лазаров со прекрасен гол против Бенфика!

1 min read

Во рамките од шестото коло во ракометната Лига Европа екипата на Нант ремизираше на домашен терен против Бенфика со 33:33.

Иако Французите имаа неколку пати предност и од пет голови разлика, на крајот Португалците си заминаа со бод од ова гостување.

На табелата во групата „Б“ по шест кола по девет бодови имаат ГОГ и Бенфика, следуваат Нант и Лемго со по осум, два Чеховски Медведи, а последен е Кокс (0).

На средбата против Бенфика македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров двапати се запиша во листата на стрелците, а еден од тие голови беше ремек дело кое вреди да се погледне.

И Европската ракометна федерација (ЕХФ) е секако импресионирана секогаш кога реализира нашиот десен бек.

– Крал Лазаров. На 41 година, возраста е навистина само бројка за легендата на Нант – стои во објавата на ЕХФ.

ФОТО: Лазаров најдобар и на 41 година – селекторот се најде во тимот на колото во Франција!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Реџепи: Обидот за рушење на Владата беше лоша авантура

Следно

ОВИЕ се најљубезните хороскопски знаци!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian