Шпанија одобри вакцинација против ковид за деца од 5 до 11 години

1 min read

Шпанската здравствена комисија одобри вакцинација на деца на возраст од пет до 11 години против коронавирусот.

Мадрид ја донесе одлуката по препорака на Европската агенција за лекови минатиот месец, пренесува Ројтерс.

Стапката на вакцинација против ковид во Шпанија е речиси 80 проценти, но властите се обидуваат да ја забрзаат имунизацијата.

Вакцинацијата на децата и младите кои можат да го пренесат вирусот се смета за клучен чекор кон спречување на пандемијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Девета седница на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион

Следно

Протуѓер: Груевски ми спомна дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian