Ристовски: Италија е европски шампион, но не се плашиме – еден ден сакам да играм за Јуве!

3 mins read

Македонската А репрезентација за првпат во нејзината историја ќе игра во бараж за пласман на Светско првенство, односно ја делат уште само две победи до учество на Мундијалот во Катар 2022.

Противник на нашите најдобри фудбалери на гостински терен кон крајот на март следната година ќе биде актуелниот европски шампион Италија.

Милан Ристовски, напаѓачот на словачкиот клуб Спартак Трнава во интервјуто за „Калчомеркато“ ги сподели очекувањата за дуелот со Италијанците.

– Ќе играме против европските шампиони. Доколку ја имавме можноста да одлучуваме за противникот во баражот, тоа сигурно немаше да биде Италија. Како и да е, од друга страна, имаме прилика да го покажеме нашиот квалитет и нашиот дух против таков силен противникот. Едвај го чекаме натпреварот – вели Ристовски.

Оваа сезона досега во словачкиот шампионат има 17 настапи и седум погодоци, моментно на делба на третата позиција на листата најдобри стрелци во тамошниот шампионат.

Во интерјуто имаше прашање дали верува дека може да го победат тимот на Роберто Манчини и севкупно се пласира на СП, еве што одговори:

– Доколку не верувавме во тоа, немаше да стигнеме до ваква позиција. Подготвени сме да се бориме, да го дадеме максимумот да го оствариме нашиот сон. Не се плашам од ниту еден италијански репрезентативец, но секако мора да бидеме внимателни затоа што има играчи кои можат да направат разлика – рече Ристовски.

Горан Пандев, поранешниот македонски репрезентативец своите најголеми успеси ги имаше токму во Италија и во чие првенство остави голема трага.

– Горан секогаш ни дава поддршка, дека имаме квалитет да бидеме рамноправни со било која друга европска репрезентација. Пандев е нашиот идол, имам огромна почит кон него – рече Ристовски.

Воедно Ристовски истакна дека уште како дете беше фан на Јувентус и посакува еден ден да игра за „Старата дама“.

– Ја почитувам италијанската Серија А, која е во Топ 5 европските лиги. Уште како дете бев фан на Јувентус и можеби еден ден ќе играм за тој клуб или против него. На многу играчи им се воодушевувам бидејќи сакам да се подобрам во многу аспекти. Да речеме, ми се допаѓа ставот на Ибрахимовиќ на теренот, начинот на кој тој е секогаш гладен за голови – вели македонскиот репрезентативец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пријавени се 9 починати лица, а регистрирани се 375 нови случаи на ковид-19

Следно

Христо Иванов: Очекуваме преговорите со „Продолжуваме со промената” да завршат в среда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian