Радев ги заврши консултациите за формирање нова бугарска влада

1 min read

 Претседателот на Бугарија Румен Радев ја заврши дводневната рунда консултации во врска со предавањето на мандатот за нова влада на парламентарните партии во земјава. Тој денеска ги прими претставниците на другите две политички сили кои преговараат за коалиција – партијата „Има таков народ” и  „Демократска Бугарија”.

 

 Како што јави дописникот на МИА од Софија, Румен Радев изрази надеж дека за неколку дена ќе може да го предаде мандатот на партијата „Продолжуваме со промените”. Според него, тоа треба да се случи во наредните денови, во подготвеност за коалициски договор за предавање на мандатот за формирање влада на првата најголема пратеничка група во 47. Народно собрание на Бугарија. Партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ” ќе биде лојален партнер доколку и другите членови на идната коалиција бидат такви кон неа, изјави нејзиниот претставник Тошко Јорданов. 

 

Според копретседателот на „Демократска Бугарија” Христо Иванов, заедничко верување е дека државата треба да има влада и таа да се формира. Консултациите со претседателот Радев завршија со најмалата пратеничка група, Прееродба, која е седма по големина во бугарското народно собрание.

 

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќекратен бугарски шампион го следи македонскиот репрезентативец Бабунски

Следно

ФОТО | „Ме го уништи животот, ме остави со пет деца, без цент“: Болна исповед на првата сопруга на Илон Маск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian