Повеќекратен бугарски шампион го следи македонскиот репрезентативец Бабунски

1 min read

Доријан Бабунски и натаму го привлекува вниманието во Бугарија со неговите одлични перформанси сезонава во дресот на Ботев Враца.

До крајот на сезоната има важечки договор со клубот, а за услугите на македонскиот репрезенативец веќе има неколку понуди.

Во изминатиот период беше објавено дека ЦСКА 1948 нуди 100.000 илјади евра да го обезбеди потписот на нашиот играч веќе во јануари.

А исто така уште еден позвучен клуб ја следи ситуацијата со Бабунски, станува збор за Левски од Софија, клуб кој 26 пати беше шампион на Бугарија.

Левски (во чии редови настапува и Ѓоко Зајков) не се откажува од идејата да го ангажира Македонецот, така барем пренесуваат тамошните медиуми.

Моментно во шампионатот Бабунски од 17 настапи има вкупно осум голови за Ботев Враца, односно на делба на третото место во најсилното бугарско првенство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИЈЗ: Пад на бројот на новозаболени и на смртни случаи од ковид во изминатава недела

Следно

Радев ги заврши консултациите за формирање нова бугарска влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian